
В недела во живо на М Нет телевизија ќе го следите дербито од 10. коло на Втората лига меѓу Работнички и Беласица, кое стартува во 13:30 часот.
Работнички ќе бара враќање на победите по поразот од лидерот Охрид, а Беласица да стави крај на серијата од седум последователни ремија и да се врати на победничките патеки по два месеци.
Двете екипи за време на подготовките одиграа пријателски натпревар на кој Беласица беше подобар со минимални 1:0, додека пак последен официјален меч одигра меѓу овие две екипи е од 20 март 2021 година кога двете екипи одиграа 1:1 во Струмица, а претходно исто така во Струмица одиграа 2:2.
Во меѓусебните пресметки од последните десет средби дури пет заврши без победник, четири средби доби Работнички, а една Беласица. Традицијата вели дека треба да се очекува најмалку два гола.
Работнички посакува триумф со цел да може да ги следи Охрид и Пелистер од причина што има и меч помалку кој слави на истиот над Брера ќе може избие на второто место.
Од друга страна трите бодови се важни и за Беласица за да фати чекор за позициите кон Прва лига.
Преносот од дуелот меѓу Работнички и Беласица на М Нет телевизија започнува во 13:30 часот.
Александар Ванев, М-Нет