
Пожарот во делчевско Трботивиште ставен под контрола. По неколкудневна борба со пожарите екипите и населението го ставија пожарот под контрола, но засега набљудуваат во случај на повторно избувнување на истиот. Сепак, штетите се огромни и таму сега повеќе од потребна е поддршка на тамошното население. Екипата на Црвен Крст денес се упати во Малешевскиот регион, каде волонтерскиот тим ќе пружи хуманитарна помош.
Волонтерите на Црвен Крст Штип веќе неколку дена се активни во местата зафатени со пожарите. Тие таму пружат исклучиво поддршка со храна, вода и психолошка поддршка и на институциите кои се справуваат со пожарите и на граѓаните од тие региони.
Волонтерите апелираат до сите кои сакаат да пружат каква било помош на тамошното население да ја се обратат кај нив и истата да ја достават во просториите на Црвениот Крст.
Ребека Спасова МНет