
Намален бројот на лица кои носат појас додека патуваат. Истражувањата покажуваат дека граѓаните носат почесто појас кога патуваат на подолги дестинации, но тоа не е случај кога патуваат во градска средина и на пократки релации. Денешната кампања на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот по патиштата во соработка со МВР, е секогш задолжително при секое патување да се стави појас.
„Целта на оваа кампања е подигање на свеста за поголема употреба на сигурносните појаси како од страна на возачите така и од страна на патниците. Искуствата, истражувањата и статистиките покажуваат дека само 50% од возачите користат сигурносни појаси, а додека бројот на патници кои користат појаси е далеку помал“ – истакна Манчев.
Ризикот од предизвикување на сообраќајни незгоди со фатални последици се намалува за 50% кога возачот носи сигурносен појас.
„Потесетуваме дека согласно Законот за безбедност на сообраќајот по патиштата обврската за користење безбедносно појаси се однесува како на возачите така и на патниците.“ – кажа Манчев.
Санкцијата за неносење на сигурносен појас е 40 евра во денарска против вреднос за возачот, и 50 евра за сопатникот. Но, освен овие санкции многу поголеми се казните со фатални последици во сообраќајни незгоди без појас. Минатата година 127 лица го загубиле животот во сообрачајна незгода, а 5500 лица се здобиле со повреди при сообраќајни незгоди.
Лаура Стојанова М-Нет