
Партијата „Демократски сили на Ромите“ отвори нов штаб во Општина Карбиници во коалиција со опозициската ВМРО – ДПМНЕ. Целта е да се даде поддршка на младиот кандидат за Градоначник од редовите на ВМРО – ДПМНЕ во Карбинци, Виктор Паунов, бидејќи, како што истакна Претседателот на политичката партија „Демоктраски сили на ромите“, Шабан Салиу, Карбинци заслужува многу повеќе од она што сега е достапно.
„Нашата партија, Демократски сили на Ромите, отвора огранок на партијата како коалиционен партнер на ВМРО ДПМНЕ. Сакаме да дадеме солидна и масовна поддршка на нашиот коалиционен партнер. Сакаме да го поддржиме младиот господин, кандидат за Градоначалник на Општина Карбинци, господинот Виктор Паунов. Сметаме дека Општината заслужува многу подобро од она што во овој момент го гледаме, за жал, со една заостаната инфраструктура, без посебни некои објекти за младите, каде ќе можат да се забавуваат и така натаму. Очекуваме стопанството во оваа Општина преку младиот иден Градоначалник, господинот Паунов, да се подигне на едно повисоко ниво, а исто така, јас, како Претседател на политичката партија „Демократски сили на Ромите“, очекувам и ромската заедница да може подобро, во една успешна приказна за самата Општина, да се интегрира и да ги оствари своите нормални човекови права за добра интеграција, вистинска и правилна. Односно, очекувам преку изборот на младиот господин Виктор Паунов за Градоначалник една општествено – економска, културна и политичка преродба, ренесанса за ромската заедница“, истакна Салиу.
Со ваквата коалиција и поддршка, која ја доби Паунов во Карбинци, како што истакна тој, се окрупнува опозицијата на локално ниво, додавајќи дека по локалните избори Карбинци ќе има Градоначаник од редовите на ВМРО – ДПМНЕ.
„Се отвора новиот штаб на „Демократски сили на Ромите“, тоа е огранок под Општина Карбинци, преку кои што се во коалиција заедно со ВМРО – ДПМНЕ. Ова е само еден вовед во идното преземање на власта во Општина Карбинци, се окрупнуваат сите сили, власта е климава, а идната власт во Општина Карбинци ќе биде предводена од ВМРО – ДПМНЕ на следните локални избори со огромна победа во првиот изборен круг“, истакна Паунов.
Според оваа коалиција нормално е опозицијата да дојде на власт, бидејќи Карбинци заслужува да биде Општина за младите, но со повеќе права треба да се здобијат и Ромите.
Лаура Стојанова МНет