
Македонскиот шампион Штип УГД утре го игра реваншот од Лигата на шампионите против првакот на Холандија, Орион Старс во спортската сала „Џексон“ во Штип.
Влезот за натпреварот ќе биде слободен, што ќе биде уште една причина за да се наполни салата до последното седиште, а дополнителна причина е и тоа што во Штип за првпат се игра натпреварот од Лигата на шампионите.
Одбојкарите очекуваат поддршка од навивачите и публиката, бараат полна сала и ветуваат дека ќе дададат се од себе за подобра игра во однос на првиот меч од Холандија.
„Секако од нашата страна многу подобра игра се надевам дека ќе добиете. Борбеноста ја краси нашата екипа. Би ги поканил сите да присуствуваат на уште еден спектакл кој што ќе го пружи најтрофејниот спортски колектив во нашиот град“, вели капитенот на Штип УГД, Михајло Мирасчиев.
На првиот меч македонскиот шампион беше поразен од првакот на Холандија во гости со 3:0 во сетови.
Реванш натпреварот меѓу Штип УГД и Орион Старс кој се игра утре во спортската сала „Џексон“ во Штип ќе започне во 18 часот.
Александар Ванев, М-Нет