
Влазерими тргна со убедлива победа во новата сезона од Трета лига – Запад, откако шампионот кој немаше среќа во баражот за Втора лига со 6:0 го декласираше составот на Речица.
Двоен стрелец беше Хисмани, а по еден гол постигнаа Алиу, Имери, Зендели и Вренцоски.
И во новата сезона Влазерими Ј 1977 е главен фаворит освојување на првото место кое води во баражот.
Камјани со 5:1 го декласираше некогашниот прволигаш Напредок од Кичево.
Бафтиари и Елмази стрелаа по еднаш, а Берзати постигна хет-трик за домашниот тим, за гостинот единствен стрелец беше Данилоски.
Дрита и Зајази одиграа реми без погодоци (0:0) во Боговиње.
Љуботен со 2:1 славеше над новајлијата Џепчишти со двата гола на Џафери. За гостинот стрелец беше Абдулаху.