Викендот започнува Трета лига – Исток, делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од воведното коло

Овој викенд ќе започне новата сезона во Третата македонска фудбалска лига – Исток со натпреварите од првото воведно коло. Новата сезона ќе започне со десет екипи, наместо со 12 бидејќи се откажаа Рудар од Пробиштип и Граничар Спорт од Ново Коњарево, струмичко.

Веќе се делегирани и судиите за натпреварите од првото коло. Борче Коцев ќе ја дели правдата во Дојран меѓу Дојранско Езеро и Хоризонт Турново, Тоше Џамов ќе биде главен судија меѓу Карбинци и Ударник од Пирава, Иван Јанев ќе биде задолжен за правдата во Свети Николе каде ќе се соочат Овче Поле и новајлијата Светлост од Зрновци.

Дербито на колото ќе се одигра во Берво каде ќе се соочат Малеш и фаворитот Слога Виница, а овде главен судија ќе биде Александар Ананиев, а пак Блаже Петковски ќе им суди на Тиверија и Брегалница од Делчево.

Сите натпреварите се играат во недела со почеток од 15 часот.

Александар Ванев, М-Нет