Ветено – сторено, поставен асфалтниот слој на улица „Славонска пожега“ во населба Пребег

Ветено – сторено. По вчерашната посета на градоначалникот Јорднанов во населба Пребег и изјавата дека се прават последни припреми за асфалтирање на две улици во оваа населба, утринава се постави и асфалтот. Со ова долгогодишниот проблем на жителите од овој дел од градот ќе биде минато, а тие ќе се движат по асфалтирани улици. Истовремено, Јорданов најави асфалтирање и на други улици во градот под Исарот.

„Како што најавивме во текот на вчерашниот ден при завршувањето на припремите на водоводната линија на улицата „Славонска пожега“ денеска започнуваме со асфалтирање на истата улица и во ставање во функција. Овде претходно исто така се реконструираше и улицата „Скоевска“ која е со променета водоводна линија, асфалтирана, а ние денес ја завршуваме „Славонска пожега“. Во наредниот период предвидуваме асфалтирање и на други улици во други населенби места. Еве, во најава во текот на наредните денови е дека ќе се асфалтира и ќе се пристапи на уредување на улицата која го поврзува булеварот „Партизанска“ со ЈНА во населба Осми ноември“ – кажа Јорданов.

По вчершаната реакција на граѓаните од овј дел од градот дека се уште не е решен проблемот со одводната цевка, Јорданов кажа дека алтернатива е пронајдена.

„Ние веќе го искоординиравме овој проблем. Со оглед на тоа што на оваа улица нема предвидено можност за истек на атмосферски води, ќе направиме едно дополнително решение со поставување на една решетка која што практично ќе ја апсорбира атмосферската вода“ – додаде Јораднов.

Вкупната должина на улиците „Славноска пожега“ и „Скоевска“ е некаде околу 800 метри, а вкупната вредност е нешто над еден милион денари. За промена на водоводната линија пак ЈП „Исар“ потрошило некаде околу стотина илјади денари, кажа Јорданов.

Лаура Стојанова М-Нет