
Точно една година од големата трагедија која се случи на 16 март 2025 година во Кочани, кога во страотниот пожар во дискотеката „Пулс“ животот го загубија 63 лица, меѓу нив членовите на навивачката група „Сејмени“, Томас Златков и Александар Стојанов
Пред почетокот на натпреварот од 20 коло на Втората лига меѓу Осогово и Големо Коњари, кој „жетварите“ го добија со 2:0 беа откриени бистите на Златков и Стојанов, кој постојано ќе имаат свое место на Градскиот стадион во Кочани.
Тагата беше голема, болката уште поголема, емоциите силни на Градскиот стадион во Кочани кога беа откриени бистите на двајцата верни навивачи.
Златков и Стојанов беа симбол на навичката група „Сејмени“, симбол на верност кон ГФК Осогово.
Победата над Осогово над Големо Коњари е со силна емоција посветена на верните навивачи Златков и Стојанов, но и секоја победа и секој натпревар, секој успех на клубот ќе биде посветен на овие двајца верните навивачи.
Александар Ванев, М-Нет