
Утре ќе се одиграат натпреварите од 4. коло на Трета лига – Југ, а дербито на колото ќе го одиграат новиот третолигаш Венец од Долни Дисан и Големо Коњари, соочување на Венец кој го дели врвот од табелата со Башкими 2008 со седум бодови и Големо Коњари кој е трет со шест бодови и претендира за прво место и бараж за Втора лига.
Некогашниот второлигаш Росоман на домашен терен ќе го пречека новиот третолигаш Дреново, во обид за втор сезонски триумф и на двете екипи. Превалец на домашен терен ќе се соочи со екипата на Слога, а пак Обршани на домашен терен ќе игра со Питу Гули од Крушево.
Во Кривогаштани ќе се соочат екипите на Младост и Влазними Јуниор, а пак Ултрас ќе игра со лидерот Башкими 2008.
Во рамки на четвртото коло слободна ќе биде екипата на Бучин.
Сите натпревари од четвртото коло ќе се одигра в недела, со почеток од 15 часот.
Александар Ванев, М-Нет