Велигденски хуманитарен концерт во Штип организиран од музичкото училиште и Ротари клубот

По три годишна пауза ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ Штип и Ротари клубот Штип организираат хуманитарен велигденски концерт. Концертот е закажан за 20 април годинава во Домот на култура „Ацо Шопов“ Штип со почеток од 20 часот. Картите веќе се пуштени во продажба, а може да се купат по цена од 250 и 300 денари.

„Оваа 2023 повторно на наша и иницијатива на Ротари клубот се веќе почќанти подготовки за овогодинешниот велигденски концерт. Концертот е од донаторски карактер и нашето училиште ќе се збогати со нови инструменти “ – вели Кавраков.

Средствата кои ќе бидат соберени на концертот ќе бидат дуплирани од страна на Ротари Клубот Штип и на тој начин ќе се обезбедат нови инструменти кои се потребни на музичкото училиште.

„Ова е втор концерт кој го организираме и се надеваме дека ќе биде традиција. Концертот го организираме со помош на УСАИД и Развој на локалната заедница Штип и сакам да апелирам сите општествено одговорни компании да се вклучат во помагање на самиот проект. Собраните средства ќе бидат дуплирани од наша страна“ – вели Лафманеф.

Околу 100 ученици од музичкото училиште ќе бидат дел од велигденскиот концерт, кој ќе се дирегира од страна на диригентската палка на професор Тоше Митрев. Програмата ќе биде богата со традиционални народни македонски песни.

„Програмата ќе се одвива од традиционална македонски народни песни, за синфоиски и народен оркестар. Убаво ќе биде да не посетат сите граѓаните бидејќи фолклорот и традицијата треба сите да ги негуваме. Голем дел од финасисиите ќе бидат наменети за народни инструменти“ – додава Ќосевски.

Средствата од првиот велигденски концерт се искористија за реновирање на неколку училници во музичко училиште во Штип.

Лаура Стојанова М-Нет