Васоски и Хаџиевски своето деби во Вардар ќе го имаат веќе утре во дуелот против Силекс

Александар Васоски се враќа на тренерското столче на Вардар, тој старо-нов тренер на најтрофејниот македонски фудбалск клуб.

Васоски кој и во минатото го водеше Вардар го наследува Бобан Грнчаров, кој досега ги предводеше „црвено-црните“ и ги врати во Првата лига.

Големата спортска легенда Ѓоко Хаџиевски е нов спортски директор на Вардар, кој го наследува Александар Бајевски на оваа функција во клубот.

Васоски и Хаџиевски своето деби ќе го имаат веќе утре во дуелот од 4. коло против Силекс.