Васкуларниот хирург, Мишел Андов, во петок во Клиничка болница Штип, термините ќе се закажуваат од утре

Овој петок васкуларниот хирург, доктор Мишел Андов, од универзитеткста клиника ќе биде во штипската Клиничка болница. Сите пациенти кои имаат потреба од спцеијалист по васкуларна хирургија, можат да закажат термин преку матичен лекар од утре. Ќе функционираат и упатите за итна и приоритетна амбуланта

Соработката на Клиничка болница Штип со клиниката од Скопје започна кон средината на месец декември минатата година.

Претходно сите пациенти кои имаа проблеми со запушени вени и слично беа праќани за Скопје, бидејќи во Клиничка болница Штип, немаше васкуларен хирург. Ова се воведува за првпат со цел да им се излезе во пресрет на пациентите од Штип и регионот, да не мора за преглед да трошат пари и време и да одат за Скопје.

Васкуларната хирургија претставува посебна област од хирургијата која ги третира васкуларните заболувања односно хируршките болести на крвните садови, артериите и вените.
Во зависност од кој дел е зафатен соодветна ќе биде и клиничката манифестација на заболувањето.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет