
Се подобрува Ковид ситуацијата во Општата болница со проширена дејност во Кочани. Моментално хоспитализирани се 23 пациенти од кои 21 во модуларната ковид болница и 2 на Физикална медицина. Слободни се 20 кревети, 11 во модуларната болница и 9 на Физикална медицина, во телефонски разговор истакна директот на кочанската Општа болница, Александар Серафимов. Се намалува и бројот на пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка односно бројот е сведен на 12 пациенти. Регистрирана е една почината пациентка на 76 годишна возраст од Кочани. Во Клиничката болница Штип, бројката со ковид пациенти варира. Хоспитализирани се 93 ковид пациенти, од кои 45 во модуларната болница и 48 на одделението на Инфективна. Слободни овде се 11 кревети од кои 1 во модуларната ковид болница и 10 на Инфективното оделение без можноста за кислородна поддршка, информираше потпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска. Регистрирани се 2 починати пациенти еден од Штип на 66 годишна возраст, и еден пациент од Виница на 82 години. Се претпорачува и понатаму почитување на мерките и протоколите за заштита од невидливиот непријател, носење маска, одржување дистанца и користење на средство за дезинфекција.
Според информации од Институтот за јавно здравје Досега во земјата се направени вкупно 692.096 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 147.229, бројката на оздравени пациенти е 123.710, на починати е 4.478, а бројот на активни случаи изнесува 19.041.
Лаура Стојанова М-Нет