Вардар ја декласираше Брегалница среде Штип, големи победи за Тиквеш и Шкендија

Брегалница веќе следното коло и математички ќе испадне од Првата лига, откако денес на Градскиот стадион во Штип беше декласирана од Вардар со 0:3, со што најтрофејниот клуб во најмала рака го обезбеди баражот, а ќе се бори и за директен опстанок.

Сушњара во 9. минута погоди за 0:1 на полувреме. Во вториот дел “сините” се држеа, но во финишот Вардар со нови гола ги постави конечните 0:3. Дошев и Николовски беа стрелци.

Гостивар со погодоците на Кировски и Оланревају го доби Шкупи со 2:0.

Воска Спорт става печат на опстанокот откако со 0:2 славеше над Македонија ЃП со погодоците на Илиески и Марушиќ.

Силекс загуби дома од Работнички со 0:1, а погоди Гандо.

Брера прокоцка два гола предност во Тетово и со 3:2 загуби од Шкендија. Олаосебикан и Цветаноски погодија за 0:2, а домашниот тим преку Адеми, Цаке и Аганспахич дојде до огромна победа од 3:2, со што Шкендија е на врвот.

Тиквеш со 3:2 го тресна шампионот Струга и го спушти од лидерското место. Мојсов, Стојковски и Силва беа стрелци за домаќинот, а за гостинот Ибраими беше двоен стрелец.

Александар Ванев, М-Нет