Вардар со три гола го декласираше Тетекс на пријателски меч

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар кој по две сезони се врати во Првата македонска фудбалска лига, на денешниот пријателски меч со 3:0 го декласираше второлигашот Тетекс.

Стрелци на головите за Вардар беа Марко Николовски во првото, и Здравковски и Жоглев во второто полувреме.