
Македонија ЃП и Вардар ја отворија 17-тата рунда од Првата македонска фудбалска лига, во скопската пресметка одново Вардар беше подобар од „лавовите“ со минимални 0:1.
Единствен стрелец на победничкиот гол за Вардар во Ѓорче беше Михајло Милосавич постигнат во 35. минута од натпреварот.
За Вардар овој триумф доаѓа по серијата порази, но и понатаму останува на последното место на табелата со 14 бодови на своето конто, а пак Ѓорче е на деветтото место со 18 бодови, барем до утре кога ќе биде комплетирано 17. коло.
Утре на програмата се останатите пет натпревари. Брегалница утре на домашен терен ќе ја пречека Воска Спорт, Работнички ќе игра со Брера, Шкупи и Шкендија го играат дербито за првото место, Силекс ќе игра со Гостивар, а пак Тиквеш ќе го пречека шампионот Струга Трим Лум.
АВТОР: Александар Ванев