
Екипата на Вардар за новата сезона во Првата кошаркарска лига на Македонија промовираше странско засилување, станува збор за американскиот интернационалец Дешон Хемптон.
Новото засилување на вардарци во Македонија доаѓа од првенството во Луксембург.
Во првото коло од новата сезона Вардар на домашен терен ќе се соочи со екипата на Гостивар.
Феникс за новата сезона ја продолжи соработката со Ивица Димчевски, откако поранешниот репрезентативец на Македонија стави потпис на нов договор во време траење од три години со екипата од Гази Баба.
Големото искуство кое го има 35-годишниот Димчевски ќе биде од голема важност за екипата на Феникс за новата сезона.
Во рамки на првото коло Феникс ќе се соочи со Работнички.
Александар Ванев, М-Нет