Варадиновски: Одигравме тежок натпревар, но на крај го остваривме најважното!

Детонит Плачковица со победа ја отвори новата сезона од Втората македонска фудбалска лига, откако во воведното коло на домашен терен со минимални 1:0 го доби Вардар од Неготино.

Кормиларот на радовишани, штипскиот стратег Иван Варадиновски за телевизија М Нет вели дека првите натпревари секогаш имаат некоја посебна тежина, додава дека одиграле тежок натпревар, но на крај го оствариле најважното односно триумф и три бода на своето конто.

„Како што и кажав претходно првите натпревари сегакош имаат некоја посебна тежина, одигравме тежок натпревар, но на крај го остваривме најважното. Благодарност и честитки до моите играчи“, рече Варадиновски за М Нет.

Радовишани повратникот Вардар го добија со погодокот на Иван Настевски кој падна во 25. минута од мечот одигран на Градскиот стадион во Радовиш.

Во следното коло Детонит Плачковица ќе гостува во Автокоманда кај ланскиот прволигаш Скопје, а пак Вардар Неготино на домашен терен ќе игра со Кожуф од Гевгелија.