Вакцинацијата против сезонскиот грип треба да започне за две недели, во Штип се уште не се ниту пристигнати

Есента е време кога започнуваат настинките и гриповите. Како би се заштитиле граѓаните, посебно хронично  болните, секоја година примаат задолжителна вакцина. Така ќе биде и оваа ветија од Министерството за Здравство. Вакцините во Министерството се пристигнати, и веќе треба да бидат распределени по Центрите за Јавно здравје тврдат отаму. Меѓутоа во  Центарот за Јавно здравје во Штип, сеуште не се знае, кога и во која количина ќе пристигнат. Колку од нив ќе бидат бесплатни, а колку комерцијални вели директорката Марија Димитрова.

Минатата година, бесплатни вакцини, биле искористени нешто помалку од 1650. Бесплатна вакцина добиваат граѓаните кои се постари од 65 години, хронично болните лица, децата и здравствените работници. Останатите граѓани кои сакаа да се заштитат од грипот за вакцината, требаше да издвојат 900 денари. По која цена ќе се наплаќаат оваа година сеуште не се знае. Појавата на новиот вирус Ковид-19 дополнително влеа страв кај граѓаните, а посебно кај хроничните болни. Велат можеби ланската година пропуштиле, но оваа година тоа нема да го сторат. Веднаш по пристигнувањето на вакцината ќе се вакцинираат.

Минатата година бесплатни вакцини останале оваа се очекува сите да бидат искористени, а бројот на комерцијалните биде зголемен.