Бутел Скопје се засили со левиот бек Христијан Милошески

Ракомениот клуб Бутел Скопје за новата сезона се засили со левиот бек Христијан Милошевски, кој во Бутел доаѓа од екипата на Голден Арт, која испадна од Суперлигата, а каде Милошевски настапуваше изминатите две сезони.

25-годишниот лев бек кариера ја започна во Филип Вардар од Прилеп, потоа настапуваше за прилеп, Вардар Јуниор и Работнички.

Претходно, екипата на Бутел Скопје се засили со пивотите Матеј Новаковски и Драган Шољиќ, средниот бек Леонид Киселовски, левите бекови Теодор Тодески и Тодор Узунчев, како и десните бекови Мартин Петровски и Димитар Узунчев.

Минатата сезона Бутел во регуларниот дел заврши на третото место во групата Б, а потоа во плеј-офот беше шесто на табелата со 10 бодови на своето конто или 12 помалку од Тиквеш кој заврши на петтото место.

Во новата сезона Бутел во првото коло ќе биде домаќин на Куманово.

Александар Ванев, М-Нет