
Десест нови ковид случаи се примени на Инфективното одделение при Клиничка болница Штип, во изминатото деноноќие. Дома си заминале како оздравени пет пациенти. Со оваа статистика бројот на хоспитализирани е 55, од кои 37 имаат потреба од кислородна поддршка и се приклучени на апарати за дишење, а вакцинирани се 15 лица. Во последните 24 часа нема регистрирано починати лица, а слободни се само пет ковиод кревети, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.
Во кочанската болница се уште нема хоспиталиизрано ковид пациенти на Интерното одделение при Општата болница, а не е отворена ниту модуларната ковид болница. Од таму истакнаа дека доколку има потреба истатат ќе се отвори.
Во општините од Истокот бројот на активни ковид случаи надмина 1000, односно позитивни се 1043 ковид слуачи. Покрај Штип каде има активни 328 ковид случаи, Кочани 259 и Делчево 176 и во Берово бројката е троцифрена односно има активни 103 корона пацинети. Во останатите општини бројката е двоцифрена вклучувајќи ги и Македонска Каменица и пехчево каде активни се 46 односно 33 ковид пациенти.
Според информации од Министерството за здравство заклучно со вчера во земјата се направени вкупно 1.762.045 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 261.347, бројот на оздравени пациенти е 231.179, на починати е 8.285, а бројот на активни случаи изнесува 21.883.
Инаку, на вчерашната Владина седница прифатен е предлогот од Комисијата за заразни болести според која изолацијата на позитивните ковид случаи од 10 се намалува на седум дена.
Лаура Стојанова М-Нет