
Денес на „градски“ во Штип со натпреварот Брегалница – Каменица Сасасе отвори 10 коло во рамките на ВМФЛ – Исток. Штипските сини предводени од Александар Танчески во една отворена фајтерска игра со избраниците на рударите предводени од Горан Здравков беа подобри, тактички одиграа мудро и што е најваќжно ефикасно во почетната фаза од натпреварот. Се играше 17 м. кога Дарко Додев постигна гол за водство на Брегалница од 1:0. Гол кој делуваше мотивирачки за целата екипа за да веќе по 5 минути, односно во 23 м. капитенот Ристе Наумов го искористи недорабирањето во одбранбемите редови на Саса и ја затресе мрежата на некоќниот голман на гостите за резулта Брегалница – Каменица Саса. Се играше отворено и со обиди на двете страни но гол немаше и со овој резултат се отиде на одмор. Во вториот дел беа направени повеќе измени и во двете екипи и се чини дека почетната иницијатива беше на гостите. Тие имаа двојна сто настотна шанса но благодареќи најпрвин на Денковски а потоа на потесната одбрана, резултатот остана непроменетгостите опасно се заканија имаа 100 постотна двојна шанса но благодарение на голманот Денковски резултатот остана непроменет. Веднаш потоа, во еден брз контра напар на Брегалница Ристе Наумов шутираше силно кон голот , но стативата беше сојузник на гостинскиот голман. Брегалница . Отворената игра резултираше со нов гол за Брегалница кој беше постигнат во 68 м. Брегалница изведе успешен напад по левата страна, по што следуваше одлична асистенција на Додев кон Бакрачевски кој шутира и постигнува гол за веќе убедливи 3:0 за Брегалница. До крајот се играше,интересно со возбудливи акции но и двајцата голмани не дозволија да примат голови. Сигурна и рутинирана победа изрзаена со резултат Брегалница – Каменица Саса 3:0 (2:0) со одлична свирка на судиската тројка од велес на чело со Игор Иванов. Брегалница сега изби на првото место на табелато со 26 бода, пред Тиквеш кој има 23, но и натпревар кој ќе го одигра дома утре со тимот на Плачковица од Радовиш.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk