Брегалница се засили со Филип Стојчевски од Силекс

Филип Стојчевски е најновото засилување на Брегалница за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

24-годишниот Стојчевски, кој игра како последен фудбалер за врска, треба да биде повеќе од сериозно засилување за средниот ред на „сините“ во новата сезона од „елитата“.

Стојчевски има големо домашно прволигашко искуство настапувајќи за Металург, Вардар, Македонија ЃП, Работнички и Ренова, а изминатава сезона настапуваше за Силекс од каде сега доаѓа во редовите на Брегалница. Зад своето име во кариерата има и интернационално искуство настапувајќи за грузијскиот прволигаш Сиони.