Брегалница, Охрид и Шкендија Арачиново израмнети, Скопје сега е четврти, радовишани со скок од едно место!

23 коло на Втората македонска фудбалска лига направи нови промени во врвот од табелата, тоа што го анализиравме и во претходниот период добива на потврда дека една победа може да однесе некоја екипа во врвот од табелата, а пораз да ја спушти екипата неколку позиции.

Скопје се задржа само едно коло на врвот, откако загуби во дербито од Брегалница со 0:1, а пак Охрид со 3:0 го доби Новаци, а Шкендија Арачиново со 2:0 славеше над Тетекс.

Ваквиот расплет прави сега Охрид, Брегалница и Шкендија Арачиново со по 52 бодови да го делат врвот, а Скопје заврши на четвртото место со 50 бодови.

Во средината од табелата без значајни промени. Беласица и Осогово го одиграа единствениот меч без погодоци (0:0) и ги задржаа своите позиции, Беласица е петта со 45 бодови, Осогово шести со два помалку.

Детонит Плачковица по победата над Кожуф во соочување на двајцата штипски тренери Горан Здравков и Иван Варадиновски, радовишани со 3:2 беа подобри и скокнаа на седмата позиција со 41 бод, а Новаци е осми со 40 бодови.

Веќе се потврдени овие екипи со опстанокот, теоретски да, математички за некое коло. Кожуф по поразот во Радовиш останува деветти со 32 бодови и тимот од Гевгелија кој има осум бодови помалку од директната зона за опстанок се насочува кон баражот за опстанок.

Тетекс останува десетти со 30 бодови, а Каменица Саса е позиција подолу со 28 бодови и овие две екипи веќе се сигурни во бараж зоната.

Во зоната за директно испаѓање без значајни промени. Вардар Неготино е на 12. место со 18 бодови, со десет помалку од „рударите“ во игра се 21 бод, па од тука и притисокот неготинци да се надеваат дека би можеле да стигнат до бараж позиција.

Преспа е место подолу со 12 бодови, Слога Виница сега дојде до 14. место откако се израдува на прв пролетен триумф над Победа од 4:2 и и има 11 бодови, како и Победа која а претпоследна, а на дното е Големо Коњари со седум бодови, откако тимот на домашен терен загуби од Вардар Неготино.

Во следните кола ќе продолжи борбата за влез во Прва лига, а се останато веќе е јасно, останува престижот за што повисок пласман во од осмата до петтата позиција, како и добар план на подготовки за екипите кои ќе играат бараж со цел да се спаси сезоната односно да се избори опстанок.

Александар Ванев, М-Нет