Брегалница оди по втора победа, во Гостивар дерби за прв триумф, Вардар со неизвесно гостување во Струга

Брегалница ќе оди по втора сезонска победа против вицешампионот Шкендија во меч кој ќе се игра на теренот на ФФМ во Скопје со почеток од 19 часот. „Сините“ по високиот триумф над Арсими на домашен терен сега ќе бидат максимално мотивирани за нов предизвик, а од друга страна Шкендија по големата победа над Вардар ќе сака уште еден триумф за три од три.

В сабота се играат два натпревари. Во Кратово тимот на Силекс ќе бара триумф по ремито во претходното коло против Скопје, „пиратите“ минатото коло стигнаа до прв бод, а сега ќе имаа тешко гостување во Кратово во меч кој стартува во 16 часот.

Половина час подоцна Тиквеш ќе игра против Шкендија Арачиново, ова е дуел во кој кавадаречкиот состав е во неверојатна форма со две победи во низа и со голема ефикасноста на нападот, а пак дебитантот од Арачиново по освоениот бод кој за нив е прв историски како прволигаш од дуелот со Силекс ќе се обидат да извлечат позитивен резултатот. Интересно е тоа што токму на тој стадион Шкендија Арачиново двапати пишува историја, за влез од Трета во Втора лига и за влез во Прва лига, па останува да видиме дали ќе има нова среќа за тимот на Берат Имери односно да забележат прв историски триумф на истиот тој терен.

В недела Вардар ќе бара враќање на победничките патеки по поразот во дербито од Шкендија на неизвесно гостување против Струга Трим Лум во меч кој ќе стартува во 16:30 часот.

Инаку, колото се отвара веќе утре со дербито за прв триумф меѓу Арсими и Башкими кое се игра во Гостивар. Соочување на две екипи кои имаа катастрофален старт, а кај Башкими тоа резултираше и со тренерска смена. Притисокот за прв позитивен резултат е голем кај двете екипи. Натпреварот ќе започне во 16:30 часот.

Александар Ванев, М-Нет