
Дерби пресметката во Втората македонска фудбалска лига меѓу ФК Скопје и ФК Брегалница Штип мина во знакот на гостите, кои со минимални 0:1 се радуваа на важна победа.
Натпреварот на стадионот во Скопје беше проследен и од политички претставници, меѓу кои градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, заедно со штипскиот градоначалник Иван Јорданов и пратеникот Бојан Стојановски. Тие од трибините со спортски дух го следеа дербито, испраќајќи порака за важноста на спортот и фер-плејот.
Во објава по натпреварот беше потенцирано дека фудбалот не е само игра, туку страст и енергија што ги обединува луѓето и градовите. Посебен акцент беше ставен на фер-плејот како вредност што треба да биде водилка не само на теренот, туку и во секојдневниот живот.
Брегалница со оваа победа освои значајни бодови во борбата за првото место во ВМФЛ, потврдувајќи ја својата амбиција и квалитет за влез во Првата лига, додека поддршката од трибините уште еднаш покажа дека спортот има моќ да обединува и инспирира.