Бојан Миовски доаѓа на подготовки на македонската фудбалска репрезентација

Бојан Миовски фудбалер на унгарскиот тим МТК од Будимпешта со своите добри игри и атрактивни голови го сврте кон себе вниманието на фудбалските стручњаци. Не мина долго време од наименувањето на новиот македонски селектор Благоја Милевски и тој веднаш реагираше со покана до унгарскиот тим за добивање на дозвола за Бојан Миовски за настап во македонската „А“ селекција, кој пак специјално за Мнет ТВ ни додаде и дополнителни информации. Раководството на клубот според зборовите на Бојан Миовски со задоволство ја прифатило оваа покана што е и нивна чест и нашиот играч ќе допатува на собирот на репрезентативци кој е закажан за 29 август во Скопје. На Македонија им престојат два квалификациски натпревари за Светското Првенство Катар 2022 и тоа на 2 септември против Ерменија во Скопје и на 5 септември во Рејкјавик против Исланд. Со името на Бојан Миовски се зголемува бројот на штипјани кои го носат националниот дрес а сликата ја надополнуваат и повеќемина играчи кои веќе настапуваат во младинските македонски селекции.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk