
Градоначалникот на Општина Штип – Благој Бочварски со честитка по повод Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај.
Овој ден отсекогаш бил симбол на борбата за работничките права, и на изразувањето работничка солидарност. Поради тоа, 1 Мај силно не потсетува на потребата секојдневно да вложуваме максимални напори за вреднување на трудот и работникот, моторот на нашата економија. Денес повеќе од било кога императив на нашата држава е зачувување на работните места. Затоа продолжуваме заедно да се бориме и за работните места и за работничките права.
Секој од нас мора да се одважи, да покаже одговорност во ова денешно време, во оваа наша заедничка битка.
Со одговорност и солидарност ќе ја победиме оваа криза пред се за државата!
Нека ни е честит празникот на трудот 1 Мај!
Стои во честитката на градоначалникот Благој Бочварски.