
Денес се игра дербито од дното на табелата во Богданци меѓу Вардарски и Борец, а во рамки на 20. коло на Втората лига.
Од велешкиот клуб преку соопштение информираа дека ќе има организиран превоз за сите кои сакаат да го поддржат клубот на важното гостување во Богданци.
„Почитувани, за сите оние кои сакаат да присутвуваат на натпреварот ФК Вардарски – ФК Борец 1919 во Богданци, има организиран превоз. Автобусот поаѓа во 11:55 од паркингот позади „Гимназија Кочо Рацин“, се вели во соопштението.
Овој натпревар кој ќе започне во 14 часот ќе можете да го следите во живо на М Нет телевизија.
Александар Ванев, М-Нет