Борец сигурен на врвот, Превалец и Венец чекорат зад лидерот – убедлива победа на Влазними Јуниор

фото: ФК Превалец

Во рамките на 21. коло од Третата фудбалска лига – Југ, беа одиграни неколку интересни натпревари кои донесоа возбудувања, голови и промени во долниот дел од табелата, додека врвот останува стабилен.
Дербито без победник се одигра меѓу Ултрас и Млекар, каде мрежите мируваа (0:0). Венец продолжува со одличната форма и со триумф од 2:1 над Башкими 2008 го зацврсти третото место на табелата.
Превалец, кој е најблиску до лидерот, славеше важна гостинска победа од 2:1 против Тополка, со што останува во трка за врвот. Најефикасен натпревар одигра Влазними Јуниор, кој со убедливи 4:0 го декласира Питу Гули.
Бучин исто така запиша значајна победа од 3:0 над Младост 1930, со што направи чекор напред во борбата за опстанок.
На табелата, Борец 1919 и понатаму доминира со 52 бодови и импресивна гол-разлика, пред Превалец со 49. Венец е трет со 43 бода.