Борачите на БК Балканец од Штип со најмногу освоени први места на Меѓународниот турнир „Победник“ во Белград!

Борачите на БК Балканец од Штип настапија на силниот Меѓународен турнир „Победник“ во Белград, Србија, каде што забележаа големи резултати и освоија најмногу први места.

Во екипен пласман прво место беше Црвена Ѕвезда, второ место екипата на Балканец од Штип, а пак трето место екипата на Бучим од Радовиш.

Во категоријата кадети Јован Стефанов го освои првото место до 92 килограми. Во категоријата Младинци, до 63 килограми Јован Атанасов освои трето место, до 74 килограми Стефан Стојков освои трето место, а до 79 килограми Дамјан Смилков го освои исто така третото место.

Во категорија Сениори екипата на Балканец доминираше. До 65 килограми Стефан Штерјов го освои првото место, до 74 килограми Мартин Стојановпрво место, а Кристијан Грозданов второ место. До 86 килограми искусниот Дејан Митров прво место, до 97 килограми Фадил Назифов го освои прво место, а до 125 килограми Теодор Георгиев го освои првото место.

Екипата на штипски Балканец беше предводена од тренерите Бобан Данов, Виктор Богданов и Горан Стојанов. Уште една потврда за одличната работа на борачите на Балканец, добри подготовки и големи резултати и многу медали.

Александар Ванев, М-Нет