
Кошаркарите на Соколи од Штип ја забележаа највисоката победа во 10. коло на Втората лига, откако на гостински терен со убедливи 83:106 беа далеку подобри од Водно Санс за нов триумф.
Штипскиот тим до нова победа го предводеше капитенот Караколев кој постигна 22.поени. Митевски дојде до 19, Костадинов до 15, а Шајкаров имаше уште 13.поени. Во домашниот состав, Димовски дојде од 25.поени, Бутемер имаше 14, а Димитриев и Трипуноски додадоа уште по 10.
Црн Дрим се намачи но го доби дербито со МЗТ Скопје со тесни 97:94, Мега Баскет дома загуби од фаворитот Маџари со 74:84, додека пак Работнички 2018 го доби дербито од дното со Струмица со 75:62 за втора радост.
Борец Баскет славеше како фаворит против ланскиот прволигаш Охрид, а пак Бутел со 66:80 загуби од фаворитот Ангели.
Во врвот нема промени и натаму Ангели, Соколи и Борец Баскет водат со по 18 бодови, Маџари и Црн Дрим имаат по 17 бодови за делба на четврттото место на табелата. Охрид со 15 бодови го дели шесттото место со Мега Баскет, Бутел и МЗТ Скопје имат по 14 бодови. Работнички дојде до 10. место со 12 бодови, а на дното се Водно Санс и Струмица со по 11 бодови.
Александар Ванев, М-Нет