Болна, сама и без денар – Марина од Кочани бара помош од хуманите граѓани за да застане на нозе

Болна, оставена сама на себе и без денар во џебот – ваква е тешката животна приказна на Марина Лазарова од Кочани.

Малата туѓа нега која ја зема ја дава за кредиот подигнат за лекување, не зема социјална помош, а не е ниту во можност да работи.

Благодарение на хуманите луѓе успева да оди на пола терапија во Гевгелија, но не доволно за целосно да застане на нозе.

„Сама живеам никој не ме посетува, никој не ме посетува, никој врата не ми отвара. Народот ми многу помогна, пред да одам на рехабилитација.“ – вели Лазарова.

Потребни се финансиски средства за повторно да замине на рехабилитација во Гевгелија, со цел да може да оди на терапија и да застане на нозе.

„Многу пари се потребни, јас бев на рехабилитација 15 дена, а требаше 21. Јас не можев да седам цела терапија затоа што немав пари“ – вели Лазарова.

Без социјална помош и туѓа нега останува до месец ноември, па моли за помош од сите хумани граѓани кои се во можност да и помогнат. Има потреба од средства за храна, лекови, но пред се пари за рехабилитација.

„Го молам сите хумани луѓе кои се во можност да ми помогна да застанам на нозе.“ – додава Лазарова.

Сите хумани граѓани кои се во можност да донираат тоа може да го сторат на достапните сметки за донација.

Лаура Стојанова М-Нет