Болестите на црниот дроб се почести, пациентите да се советуваат со лекари, а не од социјални мрежи

Болестите на црниот дроб се почети кај пациентите, покажува праксата. Најчесто овие болести се појавуваат како резултат на хроничните заболувања, но и други состојби како анмија, дефицит на железо и слично. Токму затоа потребно е навремено откривање и лекување, односно редовни контроли со што навремено би се спречиле несакани последици.

„Болестите на црниот дроб се застапени широко во популацијата, како последици на хроничните кепатити кои водат до црнодробна цироза така и бројни состојби како анемии, дефицит на железо. И затоа потребни се повеќе вакви предавања во повеќе центри можеби“ – вели Трајковска.

Во денешно време се почесто граѓани читаат, се распрашуваат, наместо да го посетат матилниот лекар доколку имаат одредени симптоми на болест. Како што вели професор доктор Трајковска потребни се поголем број на симпозиуми, предавања и слично на кои пациентите ќе се запознаат со основните работи за болеста со цел да може навремено и точно да се реагира.

„Имаме многу заболени од црнодробни заболувања меѓутоа некои луѓе не знаат основни работи и како оди еволуцијата на болеста, во кој момент треба да се јават на лекар, на кој лекар треба да се јават и тоа е проблем што се провлекува.“ – додава Трајковска.

Во текот на вчерашниот ден се одржа симпозиум во Штип на кој се зборуваше за употребата и искуствата на фармацевтските производи.

Апелот останува пациентите да се држат до советите од лекарите, а не од информации добиени од социјалните мрежи. Совети нуди и вештачката интелигенција меѓутоа лекарите се оние кои треба да кажат за каква болет станува збор и како истата треба да се лекува.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет