Богата музичка и спортска програма се подготвува во Карбинци за празникот Спасовден

Во тек се последните подготовки за христијанскиот празник Спасовден во општина Карбинци. Празникот истовремено претставува и слава на селото. Градоначалникот Виктор Паунов посочи дека оваа година се планира една посебна програма проследена со низа активности. Вкулувајќи неколку спортски активости во областа на фудбалот и борењето. А како главни ѕвеѕди на велерта ќе настапат добропозната македонска група „Некст тајм“. Како што вели и самиот очекува добра забава а истовремено ги поканува и останатите граѓани да им се придужат на Карбинчани и заеднички да го прослават празникот

„Општина Карбинци се подготвува за Спасовден тој е празникот кој го одбележува денот на општината и е во едно слава на селото Карбинци. Оваа година поинаку се подготвуваме со тоа што ќе имаме еден вид побогата програма, почнувајќи од самиот утрински ден со една свечена седница вообичаено, потоа продолжуваат неколку спортски активности коишто ќе го одбележат денот во рамките на програмата тоа се организацијата на турнирор во борење коешто го организираат двата боречки клуба од опшитина Карбинци практично, потоа продолжува и финалниот ден во турнирот во мал фудбал еден од поголемите во општина Карбинци и на крај онаа програма музички хепенинг којшто ќе се скучи кадешто главни ѕвезди на вечерта или главната програма ќе ја предводат групата „ Некст тајм“ и очекувам навистина една добра забава , еден добар празничен ден за Карбнчани и еве официјално една покана до сите коишто се о можност да дојдат да ни бидат гости тој ден.“ вели Паунов

Се очекува бројот на посетеност да се зголеми оваа година пред се поради добрата и богата програма која што може да го задоволи вкусот на посетителите.

„Очекуваме оваа година навистина тој број да биде зголемен затоа што и самата програма е невобичаена до сега, имаме побогата програма и од спортски активности но и од музички дел. Така што очекувам навистина да има поголем број на посетител“ додава Паунов

Општина Карбинци е рурална општина со 29 населени места. Според последниот попис, во неа  живеат 3.420 жители, од кои 2.159 се изјасниле како Македонци, 857 како Турци, 15 Роми, 10 Власи и 7 Срби.

Лаура Стојанова, М-нет