
Сведоци сме на едно време каде хранењето здраво станува тренд и зема се поголем замав во нашите животи. Свесни сме дека здравото хранење носи позитвни придобивки за нашето здрвје, тоа го потенцираат и докторите постојано. Анкетираните граѓани за М-нет телевизија посочија дека се хранат здраво, здравите намирнци можат да се најдат свежи на пазарот и дека токму ваквиот начин на хранење придонесува да бидат здрави.
„Сокови не, а домашни прирдони манџички праам, неам соковник а овошје јадам. Не ми смета ништо се шо е убаво се јадам. Треба тоа најздраво домашна храна, јас обично си праам старовремски манџички“
„Хранеме се зеленчуци праеме имаме соковници си зимаме поевтино овошје. Па има како нема со сино праеме он ми праве повеќе и он употребува и ја употребувам у главно е здраво и свежо се зима сега од пазаро. Се има свежо да земеш. Лимони, портокали те сеа излезеа јагоди, цреши, се. Лековите не ги минеме, лековите се они бомбони ние редовно си ги пиеме ама овоа шо треба зеленчуко да го јадеш и соко да го пиеш тоа е највише редовно“
„Сокови купуваме си има сто процентни убави сокови. Достапни се цените и мислам сурово го сакаме не да го праеме сок. Достапна е иаме маркети шо се добро снабдени, подобро од пазарот и сме задоволни“
„Здрава храна конзумираме нешто ја земјоделие имам, садеме наше ама оти остаруваме не можеме да работеме, купуваме. Лубеници, диња, краставица, патлиџан. Тоа си го напраам на машината си го смелам сок си пијам место купечкио шо е поубав е тај него вештачкио„
„Препорачуваме поготово овошјето. Па и од пазаро и од маркетите.“
Производителите со ставот дека производството е во рецесија и дека истото не се исплаќа и покрај желбата на граѓаните да се хранат здраво.
„Купуват нели гледаш кој ќе купува. На некој му е скапо на тај шо го произведува.„
Конзумирањето здрава храна носи и позитивни придбовки меѓу кои: здраво срце, здравки коски и заби, помалку стрес, подобро расположение и зголемена енергија.
Лаура Стојанова, М-Нет