Благојче Трајкоски на голот на Бутел, Калајџиески потпиша за шампионот, професионален договор за Дамчевски со Еурофарм Пелистер 2

ФОТО: РК Бутел Скопје

Ракометниот клуб Бутел Скопје доби искусен голман за наредните две сезони во името на Благојче Трајкоски.

Искусниот голман и Бутел Скопје се договорија на соработка од две сезони, односно до 2027 години. 38-годишниот Трајкоски доаѓа од редовите на Алкалоид, а во дресот на македонската репрезентација настапи и на Светското превенство 2017 во Франција.

Трајкоски потекнува од Прилеп, потоа беше дел од Куманово и Радовиш, две сезони мина во МАКС Струмица, потоа Охрид, потоа четири сезони бранеше за Еурофарм Пелистер, а од 2022 година беше дел од Алкалоид.

Екипата на Бутел претходно ја продолжи соработката со тренерот Горан Кузманоски, средниот бек Димитар Ѓеоргиевски, а се раздели со Бојан Блажевски, Антониот Николоски, Драган Шољиќ, Христијан Милошевски и Кристијан Давитковски.

Мирче Калајџиевски кој беше клучна алка во тимот на Еурофарм Пелистер 2 тим кој експресно се врати во ракометната елита на Македонија потпиша за шампионот Еурофарм Пелистер. Се работи за играч кој има 21 година, роден во Струга.

Десното крило Андреј Дамчевски во следните четири години ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер 2, откако стави потпис на професионален договор со битолскиот клуб.

Александар Ванев, М-Нет