БК Балканец екипен првак на Македонија во сениорска конкуренција

На Државното првенство во борење што се одржа денес во Радовиш, екипата на БК Балканец од Штип е најуспешна екипа во сениорска конкуренција со освоени 38 бода, пред Лирија 33 и Бучим 29.

Балканец освои четири титули: Владимир Егоров (65 кг), Серхан Шакиров (79 кг), Дејан Митров (86 кг) и Столе Ефтмов (97 кг).

Стефан Штерјов (57 кг) освои сребрен медал. Бронзите се за: 70 кг Анакиев Иван, 79 кг Филип Стојков, 97 кг Младен Рунчев, 97 кг Васе Спасов, 125 кг Бобан Данов и Теодор Горгиев.

Екипата на БК Балканец беше предводена од тренерите Бобан Данов, Горан Стојанов, Иван Анакиев и Ангел Стефанов.