Бесплатно организиран превоз за финалето во Радовиш – штипјани се мобилизираат, Штип УГД ќе има огромна поддршка во СРЦ „25 Мај“

Бранителот на Куп титулата Штип УГД со 3-0 во сетови го совлада Работнички во полуфиналето и се чекираше во големото финале, кое се игра во сабота во 19 часот во СРЦ „25 Мај“ во Радовиш.

Штипјани се мобилизираа и во Радовиш доаѓаат организирано со цел да му дадат максимална поддршка на својот миленик, а клубот за таа цел ќе организиран бесплатен превоз за публика и навивачи со три автобуси за финалето.

„ОК Штип УГД организира бесплатен превоз за публика и навивачи со три автобуси за финалето на Купот во сабота. Карта за влез во сала се плаќа 100 денари. Поаѓање во сабота во 17:30 часот на постројката пред Дом на култура – Штип“, се вели во соопштението на Штип УГД.

Штип УГД го чека подобриот од вториот полуфинален меч меѓу Струмица и Борец, каде извесно е дека струмичани ќе се чекираат во финалето и голема реприза на ланското финале.

Александар Ванев, М-Нет