Берат Имери е нов тренер на прволигашот Беса од Добри Дол

Гостување на Берат Имери во отвореното спортско студио на М Нет телевизија

Дебинтатот во Првата лига, екипата на Беса од Добри Дол и официјално го назначи Берат Имери за нов тренер кој ќе го води тимот во продолжението од шампионатот.

Имери доаѓа како наследник на Александар Таневски, откако клубот и Таневски спогодбено се разделија.

Имери во минатото ја водеше Воска Спорт од Охрид, екипата со која Имери испиша историја откако успеа да ја внесе за првпат во Првата лига.

Утре Имери треба да го има својот прв тренинг со екипата, а своето деби ќе го има против Вардар во меч од 10. коло од Првата лига на домашен терен.

Александар Ванев, М-Нет