
Александар Стојанов од денес не е повеќе шеф на стручниот штаб на ФК Беласица. Оставката доаѓа после вчерашниот пораз од Осогово во Кочани со резултат од 3:1. втор по поразот дома од Шкенија Арачиново со 1:0. Стојанов оставката ја објави на својот профил на Фејсбук каде напиша дека по двата пораза има доблест да ја превземе одговорноста врз неговито грб.
,,Дадов се што можев да дадам до сега,се посветив целосно со цело срце и душа за овој клуб но некогаш кога почнува нешто да не оди сваќаш дека е време да се повлечеш само за да оди клубот до зацртаната цел. Се надевам на крајот од првенството дека клубот кој за мене значи светост ќе биде на местото на кое припаѓа во македонскиот фудбал. Од денес со тешко срце но со човечка, спортска и пред се тренерска доблест се повлекувам од позицијата шеф на стручен штаб на ФК Беласица“, напиша Стојанов кој упати благодарност до управата на клубот, играчите, стручниот штаб и навивачите – Ајдуците.” – напиша Стојанов
Клубот му се заблагодарува на Стојанов на соработката, и му посакува многу успеси во понатамошната кариера.