Бектеши: Се замрзнува маржата на дел од основните производи за живот

Се замрзнува маржата на дел од основните производи за живот. На белиот леб, шеќерот и зејтинот за 5%, а на брашното, макароните, оризот, кравјо млеко и јајца за 10% во трговија на мало и големо. Оваа мерка ќе важи од утре 15 јуни до крајот на месец сптември, истакна денеска Министерот за економија, Крешник Бектеши.

„Според одлуката од утре откако ќе биде објавена во службен весник заклучно со 30 септември оваа година за леб бел сечен на парчиња или цел., шеќер бел, сончогледово масло за јадење се утврдува трговска маржа во висина од 5% во трговија на големо и мало. За брашно од пченица и тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, бел ориз и млеко се утврдува маржа во висина од 10% во трговија на големо и мало.“ – кажа Бектеши.

Да се зголеми цената на тестенини за 80% за 24 часа, на пример потребно е во државата тој ден да влегле камиони полни со макарони и други тестенини, а тој ден влегол ниту еден камион. Вака компративно Бешктеши истакна дека одредени компании сакаат да постигна вискои цифри на цени на производите, што за граѓаните е неприфатиливо и министерството и Владата тоа нема да го дозволат.

Бектеши истакна дека доколку се констатира дека има зголемување на цената на некои други производи листата ќе се зголеми дополнително.

Лаура Стојанова М-Нет