
Со убедлива победа, и ниту еден пораз во лигата одбојкарките од УГД Младост вчеравчер си обезбедија сигурен пласман во првата одбојкарска лига. Со победата на Фламинго Волеј од Скопје, докажаа дека можат да се вратат во првата лига во која беа од 2009 година до пред две години кога започна корна пандемијата. Според тренерот Благој Тасев, првата лига бара многу повеќе работа и нови засилувања, но верува дека штипските одбојкарки може да се натпреваруваат и во прва лига, а и за шампионска титула.
„Прва лига значи ние една година работевме доста напорно, девојките изработија максимално, знаете дека сме без пораз во лигата, убедливо ги победивме сите екипи, само шест изгубени сета, што значи дека сме надмоќни во втората лига и сега влегуваме во првата лига. Првата лига е малку потешка , таму ќе мора да работиме малку повеќе, да земем едно до две засилувања за да не бидеме топовско месо на останатите екипи. Сепак прва лига е прва лига, се надевам дека ќе останеме во оваа лига и во наредните години да се качуваме некое скалило погоре и еден да да се бориме за шампионска титула.“ – вели Тасев.
Интерес за одбојката има, што овој спорт во моментот не е загозувачки. Тасев истакна дека се работи и со најмалите и со повозрасните деца кои се заинтересирани за одбојка и се произведува квалитет.
„Јас сум изненаден, има доста заинтересираност кај женската популација, имаме доста дечиња, работиме во гимназијата Славчо Стојменски, во две групи и мислам дека обојката не е загрозена во моментот. Едноставно ние работиме и мора да произведуваме за играчите“ – додава Тасев.
Одбојкарскиот клуб УГД Младост во првата одбојкарска лига беа во периодот од 2009 до 2020 година. Потоа од определени причини паднаа во втората лига, за сега повторно да се вратат во првата лига.
Лаура Стојанова М-Нет