БВК Коњаре сигурен во дуелот со Беса Влазрими

Фото: архива

Вчера со дуелот меѓу БВК Коњаре и Беса Влазрими беше отворено 9. коло од Трета лига – Север каде домашниот тим со 2:0 беше подобар.

БВК Коњаре во 18. минута го отвори резултатот преку Адван Шакири и со предност од 1:0 замина на полувреме. Во вториот дел гостинот се обидуваше да го израмни резултатот и да се врати во игра за трите бодови.

Сите дилеми околу трите бодови беа решени во 67. минута откако Фуркан Ќани постигна гол за конечни 2:0.

Денес гледачите на М Нет телевизија преку спортскиот канал М Нет Спорт ќе имаат ексклузивна можност да го проследат соочување на Шкендија Арачиново и Башкими Љуботен, а преносот ќе започне во 13:30 часот.

Што се однесува од другите денешни натпревари Петровец ќе игра со Фортуна, Аеродром ќе се соочи со Пехчево, Еуромилк ГЛ ќе игра со Кадино во Горно Лисиче, Бутел оди на соочување со ССК Нова, а пак лидерот Куманово ќе го пречека составот на Риниа.