
Иако Башкими игра во победничка форма во Прва лига сепак се одлучи да се раздели со тренерот Муарем Муарем, а тоа клубот го потврди преку соопштение.
Клубот од Куманово се раздели и со помошникот на Муарем, Енес Ќаили, а сега Башкими ќе треба да размислува кој би бил наследник на Муарем.
Од клубот преку соопштение му се заблагодарија на Муарем и неговиот помошник Ќаили, за досегашниот доприос и залагањето за тимот, притоа од Башкими им посакаа успеси во кариерите на Муарем и Ќаили.
Тренерската промена доаѓа во момент кога Башкими игра во одлична форма, со на последните пет меча има три ремија и две победи, а тимот има и позитивна гол разлика со 17 постигнати и 14 примени погодоци, па сепак разделбата меѓу Башкими и тренерот Муарем доаѓа неочекувано.
Во досегашните 11 одиграни кола екипата на Башкими забележа пет победи, четири ремија и два порази и со 19 бодови се наоѓа на петтото место на табелата, а во следното коло ќе игра со екипата на Арсими во гости, односно започнува вториот круг од домашниот шампионат.
Во Купот на Македонија, екипата на Башкими загуби од Силекс и така беше елиминирана во осминафиналето.
Александар Ванев, М-Нет