
Селекторот на македонските репрезентации Сашко Богатинов кој воедно e и тренер, не информираше за некои нови моменти поврзани со пинг – понгарските актуелности. Имено во текот на месец октомври во бугарскиот град Варна требаше да се одржи Балканското првенство за млади во машка и женска конкуренција. Поради пандемијата ова Балканско првенство се одлага за некои подобри времиња за што додатно ќе се определи и нов термин. Поврзано со ова во градот Штип требаше да се одржи пинг – понгарски камп за двете младински селекции под раководство на штипјанецот Сашко Богатинов и со припомош на еден стручњак од Србија. Кампот требаше да се одржи во спортската сала на текстилното училиште во периодот од 23 – 27 септември а сега и тој се одлага на неодредено време во зависност од одлуката на Балканската федерација во пинг – понг.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk