
Се асфалтираше крак од улицата „Васил Доганџиски“ во Штип. По барање на жителите од овој дел од градот се работеше на уште еден крак од оваа улица во центарот на градот. Претходниот период овде се пристапи кон асфалтирање на самата улица, а беа уредени и тротоарските површини. Во наредниот период треба улицата целосно да биде осветелена, со што ќе се подобри инфраструктурата во централното градско подрачје.
Во меѓувреме се работи во неколку населени места во Штип, на асфалтирање на улици и патишта, уредување на тротоари и влезови пред станбени згради. Целта е подобрување и урбанизирање на Штип.