Астибо на тешко гостување кај Куманово, Шампион против Вардар, Чаир домаќин на Спартак

Овој викенд на програмата ќе бидат натпреварите од 18. коло од ракометната Суперлига во женска конкуренција.

Штипски Астибо во оваа коло ќе гостува кај фаворитот Куманово, во меч каде домашниот тим ќе биде фаворит за трите бодови против штипјанки. Куманово е на 4. место на табелата со 42 бодови на своето конто и ќе се бори за 15-ти сезонски триумф, а пак Астибо е на 12-тото место со 12 бодови на своето конто и овој викенд ќе атакува на петти сезонски триумф.

Второпласираниот Чаир на домашен терен како апсолутен фаворит ќе игра против Спартак, „фенерџијата“ Гевгелија ќе биде домаќин на фаворитот Пелистер, лидерот Ѓорче Петров на домашен терен како апсолутен фаворит ќе ја пречека Деспина, Овче Поле дома ќе игра со Стружанка, Шампион дома ќе игра против фаворит Вардар.

Екипата на Скопје на домашен терен ќе го пречека Металург Автокоманда кој ќе биде фаворит за 15-ти сезонски триумф.

Александар Ванев, М-Нет