Астибо на домашен терен против шампионот Ѓорче Петров, „лавиците“ во Штип апсолутни фаворити

Овој викенд ќе се одиграат натпреварите од 25. коло на ракометната Супер лига во женска конкуренција.

Колото ќе биде отворено утре со мечот меѓу Вардар и Куманово, кој ќе се игра во спортската сала „Круме Кепески“ во Скопје со почеток од 12 часот.

Останатите средби се закажани за во недела. Во Штип екипата на Астибо ќе биде домаќин на лидерот и актуелен шампион Ѓорче Петров, „лавиците“ во градот под Исарот доаѓаат како апсолутни фаворити за освојување на целиот „плен“. Мечот ќе стартува во 12 часот.

Во 16:30 часот ќе се игра дербито меѓу Спартак и Чаир, каде двете екипи атакуваат на триумф. Во рамки на оваа коло слободна е екипата на Пелистер, која добива службени бодови од откажаниот Металург Автокоманда.

Александар Ванев, М-Нет